Властите во Порторико запленија кокаин вреден 29 милиони долари, на брод кој беше пресретнат источно од брегот на оваа островска земја, соопштија вчера официјални лица.
Американската крајбрежна стража соопшти дека запленила околу 1180 килограми кокаин и дека се уапсени две лица од Доминиканската Република, објави АП.
Наркотиците се пренесени од глисерот кој е пресретнат во близина на Американските Девствени острови.
Бродот се движел од Јужна Америка за Порторико.
See Attachment