Колумбиска компанија, специјализирана за производство на заштитни елеци, сега ќе произведува заштитна облека за американските ученици.
Компанијата на Мигел Кабалеро добила огромен број нарачки од САД по масовното убиство во Њутаун, каде беа застрелани 20 деца и шест наставници.
Сега 250-те работници во фабриката произведуваат заштитни елеци за деца, заштитна долна облека и ранци отпорни на куршуми. Сето ова е наменето за деца на возраст меѓу осум и 16 години.
Цената на овие производи се движи од 150 до 600 долари, во зависност од употребената технологија во нив.