Британска министерка си поднесе оставка откако остварила средба со Нетанјаху за која што не била известена британската влада

Од:

Прити Пател поднесе оставка од функцијата министерка за меѓународен развој по денешната средба со премиерката Тереза Меј, а во врска со неофицијалните средби со израелски министри, бизнисмени и лобисти.

Таа го прекршила протоколот и се среќавала со политичари, вклучувајќи го и премиерот на Израел, Бењамин Нетанјаху, без за тоа да ја извести британската влада.

Освен тоа, Пател ја посетила и израелската воена мобилна болница на Голанската Висорамнина, каде се наоѓаат повредени лица од Сирија.

Пател е втор член на британската Влада кој заминува од функцијата за краток период, откако министерот за одбрана Мајкл Фалон на 1 ноември поднесе оставка по обвинувањата за сексуално вознемирување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП