Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид по неполн месец од стартот на новата сезона се судрува со големи проблеми, пред се со повредени играчи.
Серхиот Љуљ оддамна е надвор од терените, па репрезентативниот плејмејкер го пропушти и Евробаскетот. Пред дваесетина дена повреда на коленото заработи и Огњен Кузмиќ кој според извесно е дека за српскиот репрезентативец сезоната е предвреме завршена.
Последен на листата повредени е и Густаво Ајон. Мексиканецот на мечот против Тенерифе го повреди рамото. Иако првите прогнози беа дека ќе отсуствува од терените три до четири недели, сепак по деталните прегледи констатирано е дека Ајон ќе мора да оди на операција, па сега прогнозите се дека ќе биде надвор од „погон“ повеќе од месец два.
Ова е голем удар за Реал, кој практично остана без првите двајца центри, па сега „Кралевите“ ќе мораат итно да реагираат и најверојатно да донесат нов висок играч во своите редови.