Организацијата „Мајки од Сребреница“ го осуди поставувањето на спомен плоча во источниот, српски дел од Сараево, на починатиот руски дипломат Виталиј Чуркин, кој се изјасни против Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за осуда на геноцидот во Сребреница.
– Споменикот го кренаа оние кои размислуваат како криминалецот Ратко Младиќ, како тој Русин Чуркин, кој стави вето на резолуцијата за Сребреница во ОН, изјави претседателката на „Мајки од Сребреница“, Мунира Субашиќ.