ВИДЕО: Иван Џолев избран за претседател на Кривичен суд

Од:

Со 11 гласа ЗА и 2 против Судскиот совет го избра Иван Џолев за претседател на Кривичен суд. Новоизбраниот претседател има работен стаж од 8 години и 11 месеци како судија.

Според бодовите најмногу имаат Владимир Панчевски, Ивица Стефановски и Верка Петковска, по 260, но членовите на советот сметаат дека освен бодовите како судии треба да се ценат и личните квалитети и организационите способности.

Влатко Самарџиски како член на Советот рече дека од сите кандидати добил уверување дека приоритет мора да бидат меѓучовечките односи во судот и годишниот распоред на судии во кривичен

На седницата не се присутни Јово Вангеловски и министерот за правда Биљен Саљији.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба