Вооружен напаѓач на универзитетски кампус во Тексас

Од:

На студентите на Универзитетот во Тексас им било речено да бараат засолниште по пријавата за вооружен напаѓач.

– Вооружена личност на кампусот. Барајте засолниште веднаш, напишаа на Твитер од Универзитетот.

На студентите им биле испратени и СМС пораки, а како што соопшти полицијата, до инцидентот дошол кога по расправија помеѓу двајца возачи на автобуси, едниот започнал да пука кон возилото на другиот.

Истрелот бил непрецизен, по што вооружениот напаѓач започнал да бега, возејќи го универзитетскиот автобус.

Од универзитетот потоа ги информираа студентите дека ситуацијата е вратена во нормала, но останува нејасно дали осомничениот е уапсен или се уште се наоѓа во бегство.

Овој инцидент следува само три дена по масакрот во црква во Тексас, каде што животот го загубија 26 лица.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата