Германската полиција пронајде околу 600 гранати од руско производство во станот на еден жител на германската федерална држава Тирингија, објавија локалните медиуми.
Полицајците извршиле претрес на куќа на 46-годишен човек, откако во текот на новогодишната ноќ кај него се слушнала силна експлозија.
Според прелиминарните податоци, во домот експлодирала една граната. При тоа, човекот беше сериозно повреден и однесен во болница.
Полицијата не може да објасни како германецот успеал да набави толку многу бомби и зошто ги собирал. Тој се уште не може да одговора на прашањата, бидејќи е во тешка здравствена состојба.