„Народот има право да знае како се создава наводно непартиска администрација“, реагираат крушевчани.
Неколкумина за А1 велат дека градоначалникот Василчо Димовски вработува по партиски клуч.
Од СДСМ Крушево пак, посочуваат дека иако огласот, распишан за четворица непартиски професионалци,се уште не е завршен, ги знаат и јавно ги соопштуваат новите, како што велат партиски војници.
За позицијата асистент на градоначалникот,според СДСМ Крушево, ќе биде избрана Елена Илиевска, активист на ВМРО-ДПМНЕ.
На местото советник за јавни набавки, според партиски сознанија ќе биде избран Васко Јанкуловски, поранешен член на СДСМ, а од 2009. Член на ВМРО-ДПМНЕ.
На функцијата помлад соработ.ник за комунална такса изборот е за Никола Пејчиновски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Крушево.
За позицијата внатрешен ревизор изборот, велат од СДСМ, ќе биде Велко Дамчески,близок роднина на градоначалникот Василко Дамчески.
„До кога ќе ја партизирате администрацијата? До кога наместо квалитет и образование, главна ќе биде партиската книшка“, прашува СДСМ Крушево.