Претседателот на САД Доналд Трамп денеска пристигна во Јужна Кореја, втората земја од неговата 12-дневна турнеја во Азија.
Јужнокорејците претпоставуваат дека државната посета на Трамп може да ги зајакне тензиите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој не се откажува од стрмежот неговата земја да создаде нукеларно оружје што ќе може да ја погоди територијата на САД.
Трамп ќе оствари средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.
Поради посетата, безбедноста во земјата е на највисоко ниво.
Како што јави МИА, Трамп претходно ја посети Јапонија каде оствари средба со јапонскиот цар Акихито и премиерот Шинѕо Абе.
При средбата со Абе, тој разговараше за кризата со Северна Кореја, како и за други билатерални прашања.
Трамп во рамките на 12-дневната азиска турнеја, освен Јапонија и Јужна Кореја ќе ги посети и Кина, Виетнам и Филипини, при што со лидерите на тие земји ќе разговара и за координирана полтика кон Северна Кореја.