Ирачкиот Врховен федерален суд денеска пресуди дека ниту еден регион ниту покраина не може да прогласи отцепување од Ирак, изјави портпаролот на судот.
Пресудата е одговор на барањето на Владата да стави точка на каква било „погрешна интерпретација“ на Уставот и да го потврди единството на Ирак.
Ирачкиот Врховен федерален суд е одговорен за решавање на споровите помеѓу централната Влада во Багдад и регионите, вклучително и Курдистан.
Одлуката е донесена по референдумот за независност во Ирачки Курдистан.