ВИДЕО: Испливаа тајните документи за „скриеното богатство“ на Трамп, луѓе на Путин, Мадона, Боно Вокс

Од:

Најголемите светски компании, челните луѓе на држави и имиња од светската сцена кои својот имот го сокриле во даночните рајови ќе бидат откриени оваа недела во рамките на огромниот нов истражувачки проект.

Повеќе од 13 милиони документи кои излегоа од две агенции за офшор услуги и 19 работни регистри го откриваат работењето на најблиските соработници на светските лидери меѓу кои, американскиот претседател Доналд Трамп, канадскиот премиер Џастин Трудо, украинскиот претседател Петро Порошенко, англиската кралица, познатите музички ѕвезди Мадона и Боно Вокс, големите корпорации како „Најк“ и „Епл“, како и еден од основачите на компанијата „Микрософт“.

Овој истражувачки проект ги открива врските на повеќе од 120 светски политичари со офшор компаниите.

Документите се појавија од две реномирани агенции за офшор услуги од Бермуди и Сингапур.

Истражувањето беше фокусирано на имотот на моќниците, на скриените фондови и офшор сметки, кои откриваат таен свет во кои вртат милијарди. Документите откриваат дека оф-шор сметки имаат британската кралица Елизабета, за поврзаноста на соработниците на американскиот претседател Доналд Трамп со Русите, тајните зделки на соработниците на канадскиот премиер Џастин Трудо и уште 120 политичари и моќници.

Во следните денови се очекува објавување на низа документи. Највероватно извор на Рајските документи е Гигант Епибај, еден од лидерите во оф-шор работењето. Се претпоставува дека 13,4 милиони документи се украдени во кибер нападот минатата година,

Епибај, чие име се спомува во голем број документи, веќе објави дека се занимавал исклучиво со легални активности и оти пружа услуги на клиентите во рамките на меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Цакалотос: Откритијата во Рајските документи се морален скандал

Ана Ололовска

Сопругата на Мицотакис дел од истрагата за „Рајските документи“

Ана Ололовска

Грците вмешани во Рајските документи се ставени „под лупа“

Ана Ололовска

Зетот на Ердоган вмешан во истрагата за „Рајските документи“

Ана Ололовска

Во „Рајските документи“ и сестрата на Мило Ѓукановиќ

Наум Локоски

Во „Рајските документи“ врска меѓу министер на Трамп и зетот на Путин

Наум Локоски