Очекувано Работнички ја продолжи победничката низа

Од:

Кошаркарите на Работнички ја продолжија победничката низа во домашното првенство.

Тимот од „Градски пар“ забележа победа над Шкупи со 103-85 во натпреварот од 5.коло во прволигашката конкуренција.

Одлична партија за победничкиот тим одиграа Американецот, Маркус Џинјард со 37 поени, 6 скока и 4 асистенции, додека Чавдар Костов постигна 27 поени, а капитенот Чековски средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 19 поени и 13 скока.

Во редовите на Шкупи најефикасен беше Џозеф Тејлор со 29 поени.

По петте одиграни натпревари Работнички и Блокотехна која попладнево го совлада Гостивар со 85-59 се двата тима кои немаа пораз.

Последниот меч од ова коло меѓу Куманово – МЗТ Скопје А. ќе се игра во четврток (9 ноември) поради настап на МЗТ Скопје во регионалната АБА лига.

Блокотехна и Работнички се двата тима со максимални пет победи. По нив следуваат: Карпош Соколи 4-1, Гостивар 4-1, Фени Индустри 3-2, АВ Охрид 3-2, МЗТ Скопје 2-2, Куманово 2-2, Пелистер 1-4, Струмица 0-5, Кожув 0-5, Шкупи 0-5.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ