Шестмина загинати во двоен напад во центарот на Киркук

Од:

Најмалку шест лица загинаа во денешниот двоен самоубиствен напад во центарот на ирачкиот град Киркук, соопшти претставник на безбедносните сили.

Во експлозиите кои се случија во период од 15 минути, повредени се и 12 лица, јавија западните медиуми, повикувајќи се на извор кој побарал да остане неименуван.

Првиот напад е изведен од напаѓач-самоубиец со помош на автомобил-бомба, а вториот од терорист со појас со експлозив.

Двојниот напад се случи во близина на поранешна полициска станица, која во моментов ја користи „Сараја ал салами“ (Бригадите на мирот) – паравоени формации на влијателниот шиитски духовен лидер Муктада Садр.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак