Пуштен во употреба локален пат во селото Саса

Од:

Во селото Саса денеска е пуштен во употреба новиот селски пат којшто ги поврзува Мечкарско и Чукаревско маало. Локалниот пат е во должина од над два километри и поврзува неколку рурални средини.

На настанот присуствуваше и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која вети дека ќе ги поддржи сите проекти кои произлегуваат од потребите на жителите во општина Македонска Каменица.

– Сите граѓани на Македонска Каменица сакам да бидат мои соработници и очекувам уште многу предлози и идеи од своите сограѓани за заедно да работиме на унапредување и развој на условите за живот во општината. Сите досега започнати проекти, кои се реална потреба на граѓаните, ќе продолжат, исто како и многу други нови и планирани проекти кои претставуваат потреба на граѓаните и се дел од програмата на новата локална власт во општина Македонска Каменица, истакна Стаменкова.

Жителите побараа од Стаменковска да продолжи проектот „Асфалт до секој дом“ со цел преку асфалтен пат од уште два километра да се овозможи поврзување на жителите од овој дел на селото Саса со селото Цера.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска