Обука за локални туристички водичи од Македонија и Бугарија

Од:

На браната „Градче“ кај Берово се одржа обука за туристички водичи во рамки на проектот „Одржлив развој на туризмот, предност за прекугранична кохезија и просперитет“ поддржан од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Проектот го реализира беровската невладина организација „Лешки“ во партнерство со невладината организација „На фокус“ од Бугарија.

Дејан Каламадевски, координатор на проектот од НВО „Лешки“, изјави дека целта на обуката е македонски и бугарски „локални раскажувачи на приказни”, да бидат обучени како да го претворат ова хоби во работа и како местата во кои живеат да бидат означени на туристичката карта.

– Проектот има за цел да го надмине лошиот квалитет на понудените услуги и ниската посетеност на овие области што е резултат од недостатокот на обучени кадри во секторот во помалите населени места, како и неподготвеноста на младите луѓе да останат и да се реализираат во регионот. Локалните раскажувачи на приказни се еден од неискористените ресурси за развој на одржлив туризам и не се случајно целна група на оваа обука, истакна Каламадевски.

Учесниците ќе бидат обучени како да го направат она што го раскажуваат во готов туристички производ којшто ќе биде популаризиран на специјално создадената проектна туристичка платформа.

Со проектот се очекува да се формира заедничка база на податоци со најмалку 40 туристички маршути во областа на Благоевградскиот и Источниот регион, како и онлајн-платформа со сите податоци за локалитети, настани и контакти.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ