Протести во Приштина против пресудата за „Дива населба“

Од:

Поголема група демонстранти се собраа денеска на протест во Приштина во знак на незадоволство поради вчерашните пресуди на скопскиот Кривичен суд за обвинетите во случајот „Дива населба“.

Како што јави РТК, демонстрантите се собраа на плоштадот „Захир Пајазити“ од каде се упатија кон македонската Амбасада, но беа спречени од косовската полиција, која не им дозволи да се доближат до заградата.

Еден дел од демонстрантите го продолжија протестот во близина на македонската Амбасада, при што, според РТК, дошло и до судири меѓу група од нив и припадници на косовската полиција.

Дел од демонстрантите, пак, се упатија кон косовската Влада, пред која ги пречека косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој најави дека „институциите на Косово ќе реагираат на случајот Дива населба“.

– Во земјата треба да постои правда, почнувајќи од целосно расветлување на случајот во сите негови димензии, нагласи Харадинај.

Тој побара за случајот „Дива населба“ да се спроведе меѓународна истрага, што ќе доведе до целосно расветлување на вистината.

Со сличен став излезе и претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Според РТК, поради вчерашната пресуда за обвинетите, на консултации кај косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, биле повикани амабасадорот на Косово во Скопје, Иљбери Хиса, како и амбасадарот на Македонија во Приштина.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина