Европската унија денеска одби да интервенира по повод европскиот налог за апсење, кој ќе биде издаден за поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
– Тоа е во целост прашање за правосудните органи, чија надлежност комплетно ја поддржуваме, изјави портпаролката на Европската комисија Аника Брајнхарт.
Според претходните најави, шпански судија кој ја води истрагата за каталонските сепаратисти денеска ќе издаде европски налог за апсење на разрешениот каталонски лидер Пуџдемон, кој се наоѓа во Белгија.
Претходно, адвокатот на Пуџдемон изјави дека шпански суд издал европски налог за апсење на неговиот клиент, како и за уште четворица министри кои се во Белгија.