Гевгелија од вечерва го слави денот на општината, 7 ноември

Од:

Празничната програма за одбележување на 7. ноември, Денот на општина Гевгелија почнува од вечерва со одржување на традиционалната фолклорна манифестација „Фолклорен ѓердан“, соопштија денеска од службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.

Според организаторот, на овој настан пред љубителите на фолклорот ќе се претстават ансамблите „Бојмија“ и „Танец“ од Гевгелија, „Мегдан“ и „Бранд Петрушев“ од Богданци и гостите од Република Србија, КУД „Свети Сава“ од Кач.

Програмата утре ќе продолжи со отворање на изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, која ќе биде поставена во уметничката галерија „Амам“, како и во понеделник на 6 ноември со промоцијата на книгата „Митот и стварноста на русалиите“ од Даниела Џишева.

Богатата програма ќе заврши во вторник на 7 ноември, кога по повод општинскиот празник, претпладне ќе биде положено цвеќе на спомен обележјата, а попладне, градоначалникот Сашо Поцков ќе приреди прием за гостите и учесниците на прославата.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно