ВИДЕО: Адвокатот Рауфи ги оправдува заканите на обвинетите во Диво Насеље, вели тоа е револт

Од:

Адвокатот Насер Рауфи рече дека го разбира револтот на обвинетите во „Дива населба“ кои вчера упатија закани кон судиите по изрекување на пресудите.

„Го разбирам нивниот револт и однесување. Тие не се терористи туку тие се докажани борци за слобода и ја разбирам нивната реакција“, изјави Рауфи на новинарско прашање како го коментира однесувањето на обвинетите и дали ги оправдува нивните закани упатени кон судиите.

Обвинетите вчера не ја слушнаа пресудата. Тие скандираа во судницата во Врховниот суд „Да живее Албанија“ „УЧК, УЧК“, „Господ да ја благослови Америка“, „Терористите се во парламент, а ние сме УЧК“. Тие исто така пред судот викаа дека нема да има мир во Македонија, а, пак, крвта на убиените нема да остане неодмаздена.

Судењето вчера започна со бунт од страна на обвинетите. Тие го бојкотираа рочиштето, ја пееја и албанската химна и песна „Беса, беса“ кои ја пееле припадниците на УЧК. Еден од обвинетите во судницата беше донесен само по долна облека. По ова тие беа изнесени надвор од судницата.

Од вкупно 38 обвинети во случајот „Дива населба“ осум лица добија доживотен затвор, 13 од нив се осудени на 40 години затворска казна, 6 од нив на 20 години, на 14 години се осудени двајца од обвинетите, на 13 години, исто така двајца, а на 18 години е осуден еден од обвинетите. Најниска казна добија двајца од осудените, 12 години, а четворица беа ослободени.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“

Ана Ололовска

МВР: Во Диво Насеље изгубивме осум херои, oвој противдржавен чин не смее никогаш да се повтори!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Три години од настаните во кумановската „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата ги разгледува можностите за меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата прифаќа меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Мифтарај: Тие кои војуваа во Куманово се обични платеници

Наум Локоски