ВИДЕО: Уште еден обвинет во „Дива населба“ осуден на доживотен затвор

Од:

На доживотна затворска казна денеска е осуден Сулејман Османи, обвинет во случајот „Дива населба“, кому му се судеше во одвоена постапка. Неговиот син Фазли Османи вчера беше ослободен од обвиненијата.

Кога снимателите влегоа во судницата, Сулејман Османи со рацете правеше двоглав орел, а пресудата ја поздрави со аплауз.

Тој не ги признал делата за кои е обвинет – тероризам и терористичка организација, но не ги оспорил дејствијата кои ги направил.

Адвокатот Насер Рауфи најави жалба на пресудата. Според него недостасуваат основните предуслови, предизвикување страв и несигурност кај населението, за да може делото за кои е обвинет Османи да се квалификува како тероризам.

„Нема никакви докази дека обвинетиот извршил кривични дела тероризам и терористичка организација. Може да стане збор за кривично дело поседување оружје, не е спорно дека бил на местото на настанот, но нема кривично дело тероризам. Ако не е повреден цивил, а во овој случај напротив цивилите биле гостопримливи и ги повикале обвинетите, тогаш не постои тероризам“, рече Рауфи.

Сулејман Османи од селото Бреза беше уапсен во јули 2015 година на Косово. Тој ѝ побегна на полицијата во Македонија кога им го покажувал местото каде што било скриено оружјето кое подоцна обвинетите го користеле за пукањето во Дива населба.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“

Ана Ололовска

МВР: Во Диво Насеље изгубивме осум херои, oвој противдржавен чин не смее никогаш да се повтори!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Три години од настаните во кумановската „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата ги разгледува можностите за меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата прифаќа меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Мифтарај: Тие кои војуваа во Куманово се обични платеници

Наум Локоски