Извршителот на нападот во Њујорк во кој во вторникот загинаа осум луѓе е „војник“ на ИД. Тоа го наведе вчера џихадистичката група цитирана од американски центар специјализиран за следење џихадистички движења на интернет (SITE).
– Еден од припадниците на ИД нападна на улица во Њујорк, се вели во текст поставен од групата Ан Наба.
– По волја на Алах операцијата внесе страв во Америка на улиците и ги натера да ги засилат мерките за безбедност и механизмите за ограничување на мигранти во Америка, стои во текстот на Ан Наба.
Нападот го изврши 29-годишниот Узбекистанец Сајфуло Саипов, кој исто така рече дека е член на ИД и оти е „горд“ заради акцијата.