Седуммина обвинети во случајот „Дива населба“ добија доживотна затворска казна додека пак 13 од нив се осудени на 40 години затвор.
Шест од нив на 20 години, а пак на 14 години се осудени двајца од обвинетите, на 13 години, исто така двајца, а еден од обвинетите е осуден на 18 години затвор. Најниска казна добија двајца од осудените, 12 години.
Четворица од обвинетите се ослободени.
Првообвинетиот Сами Укшини познат како командант Соколи доби 40 години затворска казна.
Обвинетите денеска не ја слушнаа пресудата. Тие скандираа во судницата во Врховниот суд „Да живее Албанија“ „УЧК, УЧК“, „Господ да ја благослови Америка“, „Терористите се во парламент, а ние сме УЧК“.
Тие ја пееја и албанската химна и песна „Беса, беса“ кои ја пееле припадниците на УЧК. По ова тие беа изнесени надвор од судницата.
Дел од роднините на обвинетите ги обвинуваат политичарите за одлуката. Според еден од нив, пресудата била политичка напишана.