Поради реконструкција на водоводна мрежа на булеварот „Митрополит Теодосије Гологанов“ бб, утре од осум часот прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од Веро Тафталиџе до Т.Ц. „Олимпико“, како и една зграда од улицата „Прашка“.
Поради дефект на цевка, без вода од осум часот ќе останат и дел од корисниците на улицата „Мајаковски 12“ во општина Центар.
Прекините, соопшти РЦУК, ќе траат до санирање на проблемите.