Јапонска фирма дава шест дена подолг одмор за непушачите

Од:

Јапонска фирма на непушачите им даде шест дена одмор, за да го надоместат времето кое пушачите го користат за пауза.

Маркетиншката компанијата „Пиал“ одлучила да ги награди своите вработени кои не пушат со дополнителни шест дена одмор, откако тие се пожалиле дека работат повеќе од своите колеги пушачи.

Директорот на компанијата Такао Асука изрази надеж дека оваа мерка ќе ги поттикне вработените да престанат со оваа нездрава навика.

Светската здравствена организација ја рангираше Јапонија на дното на листата, кога станува збор за прописите против пушење. Според одредени податоци, 18 проценти од Јапонците се пушачи.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови