ЦИА ја објави личната архива на Осама бин Ладен

Од:

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави архивски документи и снимки што се пронајдени во куќата, во која е убиен Осама бин Ладен во 2011 година во Пакистан.

Истражувачите кои претходно имаа увид во тајните документи тврдат дека во архивата има снимки од венчавката на синот на Бин Ладен, како и дневникот на лидерот на терористичката група Ал Каеда.

– Американците ќе можат да имаат подлабок увид во плановите и дејствувањето на терористичката организација, изјави директорот на ЦИА, Мајк Помпео.

ЦИА на интернет постави 470.000 документи пронајдени во мај 2011 година во куќата во Аботабад, каде се криеше Бин Ладен со семејството. На снимките првпат се гледа лицето на Хамза Бин Ладен, најстариот син на Осама. Хамза е сниман на неговата венчавка, која најверојатно била на иранска територија.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел