Напаѓачот од Менхент со месеци го планирал нападот во име на ИД

Од:

Лицето кое управуваше со возилото со кое вчера беше изведен крвавиот напад во Њујорк, со месеци го планирал нападот и го извршил „во име“ на екстремистичката група Исламска држава, наведе заменик-комесарот на њујоршката полиција Џон Милер.

Тој наведе дека осомничениот Узбекистанец Сајфуло Сајпов, никогаш не бил предмет на истрага на локалната полиција или пак на ФБИ.

Стотици детективи цел ноќ работеа со цел да приберат докази, меѓу кои и видеа од околните безбедносни камери.

Во вчерашниот напад во Менхетен загинаа осум лица, а 11 се повредени. Напаѓачот е ранет од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија