ВМРО-ДПМНЕ: Постапките во обвинителствата се тајни и премиерот не би требало да знае што работат обвинителите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека се води истрага за двајца членови на владата.

„Сакаме да алармираме за да остане забележано. Со изјавата на Зоран Заев дека обвинителството наводно водело истрага за криминал на двајца членови од владата, Заев потврдува дека постои директна спрега помеѓу СДСМ и јавното обвинителство кое се користи за механизам за дисциплинирање, закана и уцена.

Имено, постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало нити би можело да знае што работат обвинителите кои се посебен државен орган, но со оваа изјава на премиерот се потврдува дека Заев во суштина е нарачател на работата на обвинителите, факт кој е скандалозен и тотално незаконски.

Сега е јасно дека Заев освен што е инсталиран премиер, е и шеф и на државното и на специјалното обвинителство, со што се врши директно загрозување на функционирањето на правниот систем , и од тука не е воопшто чудно што на срамен начин се организираа, легитимираа и легализираа најкриминалните избори кои се случија во изминатиот месец.

Сето ова е театар во кој Заев аболиран за криминалот во Глобал од 8.5 милиони евра, човек против кој се одолговлекува судски случај за барање на мито од 200 илјади евра, и кој во Струмица на своите фирми, и фирмите на своите братучеди и блиски им делеше милионски тендери, сака да се престави како лажен борец за правда.

Бидејќи веќе и јавно не се крие спрегата помеѓу обвинителство и СДСМ, го повикуваме Заев јавно да ги објави осомничените криминалци од неговата влада“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис