СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави институциите непречено да ја вршат својата работа и да не врши притисок

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагираше на денешната прес-конференција на Ивица Коневски.

„Денес надлежните институции работат независно, професионално во интерес на сите граѓани и во заштита на законите и владеењето на правото.

Злоупотребата на државните институции за политички прогон на неистомислениците на Никола Груевски беше одлика на 11 годишното криминално владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се обидува да изврши притисок врз институциите коишто постапуваат законски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните непречено да ја вршат својата работа и да спроведат целосна истрага, за во законска постапка да се покаже дали Сокол Митровски направил кривично дело и каква одговорност треба да понесе.

Едно е јасно, времето на селектвиност, протекционизам и заштита на криминалите заврши. Секој оној за кој ќе се докаже дека направил какво било кривично дело ќе мора да се соочи со одговорност пред законот, без разлика на неговата етничка, верска, национална, партиска или каква било друга припадност“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани