Најмалку девет лица загинаа, а околу сто се повредени при експлозија во електроцентрала во индиската сојузна држава Утар Прадеш, соопшти полицијата.
Како причина за експлозијата се наведува притисок во една од цевките на електоцентралата, која работи на јаглен.
Електроцентралата е во сопственост на најголемата енергетска компанија „НТПЦ Лтд“.