Шинѕо Абе реизбран за премиер на Јапонија

Од:

Долниот дом на јапонскиот Парламент повторно го избра Шинѕо Абе за премиер по вонредните парламентарни избори, на кои победи неговата Либерално-демократска партија (ЛДП).

Абе ја доби поддршката на 312 од вкупно 465 пратеници во Долниот дом на Парламентот. Се очекува дека владата ќе ја формира со истиот состав.

Јапонскиот премиер неодамна распиша вонредни избори, очекувајќи дека неговата конзервативна ЛДП ќе оствари добар резултат, откако нејголемата опозициска Демократска партија се распадна кон крајот на септември, а неговиот рејтинг се зголеми.

Владејачката коалиција на 22 октомври освои двотретинско мнозинство со 310 од 465 пратенички места.

Абе е премиер на Јапонија од декември 2012 година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови