САД ќе гласаат против резолуцијата на Обединетите нации за укинување на ембаргото против Куба, соопшти американскиот Стејт департмент.
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, ќе гласа против резолуцијата, која Куба секоја година ја претставува во ОН во изминативе 26 години.
– САД ќе ја поддржат политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за Куба, која ја нагласува потребата за унапредување на човековите права и демократијата во таа земја, објави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт.