Притворен белорускиот опозиционер Микола Статкевич

Од:

Белорускиот опозициски политичар Микола Статкевич бил уапсен додека се подготвувал да отпатува во Украина каде требало да се сретне со претставници на Европскиот парламент, соопшти неговата сопруга Марина Адамович.

Апсењето на Статевич доаѓа по два протести организирани од негова страна – против претседателот Александар Лукашенко и во спомен на жртвите на режимот на Сталин.

Статкевич беше кандидат на претседателските избори во 2010 година, а следната година беше уапсен и пет години помина во затвор.

Во текот на годинава, Статкевич беше притворан вкупно шестпати, по неколку дена.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад