Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје вечер од 19 часот ќе ја промовира книгата „Јас,елегии“ од поетот Михаил Ренџов, која ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга во 2017 година.
Новата стихозбирка на Ренџов ќе ја претстави проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе чита актерот Томе Витанов.
Михаил Ренџов е меѓу најпознатите поети во македонската книжевност. Автор е на голем број поетски книги, меѓу кои: „Ноќно растење на зборот“, „На работ од сонот“, „Нерези“, „Феникс“, „Псалми“….