Иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ излегоа барања Никола Груевски веднаш да поднесе оставка и го повикаат да не продолжува со нови поделби во партијата и етикетирање на членството. Реформистите своите барања ги изложија во пет точки и меѓу кои и формирање Управувачки комитет кој ќе организира обеденувачки конгрес на партијата.
– Жалиме за огромниот пад во поддршката кај ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните како резултат на лошото работење на раководството. Никако не прифаќаме одговорност на месните комитети туку таа е исклучиво на Никола Груевски. Господине Груевски бидете маж и преземете ја одговорноста, бараме веднаш да поднесете оставка од претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Иднината на ВМРО-ДМНЕ е организирање демократски и обединувачки конгрес , бараме конгресот да организира управувачки комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме на итна средба со Груевски и со Извршниот Комитет со цел да го утврдиме составот, начинот и рокот на управување на управувачкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ги повикуваме сите членови на ВМРО-ДПМНЕ да изберат помеѓу патот кон ЕУ или патот на минатото и пропаста. Повикуваме на смиреност, разум и помирување. Бараме веднаш да се отворат општинските и месните комитети за средби и дебата на концептот за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.
– Господине Груевски интересот на ВМРО-ДПМНЕ е во обединување на ВМРО во Македонија, а вашиот интерес е во пресметки и поделби. Во таа насока ве повикуваме веднаш да престанат сите закани за исклучување на било кој член кој поинаку размислува, зашто за последиците кои ќе настанат само вие ќе ја носите одговорноста. Имаме разбирање за вашата состојба но нема да ве оставиме да го докрајчите ВМРО-ДПМНЕ поради тоа. Само нова енергија може да донесе победа на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ги повикуваме сите политички субјекти да поддржат ново законско решение за дејствување на политичките субјекти за сите да и овозможиме шанса за стабилен систем на Република Македонија, рече Петар Богојески.
Според него, реформистите нема да се откажат од борбата, туку напротив ќе влезат со многу пожестоко темпо се додека партијата не се демократизира и модернизира.
– Ние очекуваме да го формираме управувачкиот комитет и по еден транзициски период од неколку месеци да го организираме новиот и обединувачки конгрес во Македонија. Доколку Груевски инсистира на поделби тој може слободно со неколкуте поддржувачи да си формира нова партија со екстремна опција. Ние продолжуваме со вистинското ВМРО-ДПМНЕ, онакво какво што ни го ставија во 1990 година.
ВМРО е гордост и му доликува достоинство. Ние мора да ја прифатиме реалноста, не можеме да плачеме, ние мора да ја вратиме силата на ВМРО-ДПМНЕ. За нас изборите се светост и освен слободни и демократски избори се друго е неприфатливо. Машки е да се соочиме со реалноста, рече Богојески според кого е нејасно зошто ВМРО-ДПМНЕ би одело на парламентарни избори како што бара Никола Груевски кога со тоа би изгубило огромен број пратеници во парламентот?