Во кошаркарската Евролига на програмата се натпреварите од 2.коло во фазата ТОП 16, а веќе се одиграа по два дуела во двете групи. Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Бросе Баскетс, додека изненадување направи Химки кој ја совлада Барселона.
Постигнати резултати:
Е група: Бросе Баскетс – Реал Мадрид 67:82 и Анадолу Ефес – Панатинаикос 78:64.
Вечерва играат (почеток 18:45 часот) Жалгирис – Уникаха, (19) Алба Берлин – ЦСКА Москва.
Ф група: Химки – Барселона 78:65 и Макаби – Каха Лаборал 70:71.
Вечерва играат (почеток 19 часот) Фенербахче Улкер – Монтепаски, (20:45) Олимпијакос – Бешикташ.
Табела Е група: Реал Мадрид 2-0 (победи-порази), ЦСКА Москва 1-0, Уникаха 1-0, Анадолу Ефес 1-1, Панатинаикос 1-1, Жалгирис 0-1, Алба Берлин 0-1 и Бросе Баскетс 0-1.
Табела Ф група: Химки 2-0 (победи-порази), Каха Лаборал 2-0, Монтепаски 1-0, Барселона 1-1, Бешикташ 0-1, Олимпијакос 0-1, Фенербахче Улкер 0-1 и Макаби 0-2.