Кошаркарите на Фени Индустри дури по две продолженија постигнаа победа во дуелот со Карпош Соколи одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Кавадарчани победија со 109:103. Ова беше прв пораз во домашната лига за Карпош Соколи.
На вториот дуел од 4.коло одигран вечерва Куманово очекувано со 90:66 постигна победа на гости против Струмица.
На досега одиграните натпревари: Работнички – Пелистер 105:49, Гостивар – Шкупи 94:78, Охрид – Кожув 86:74.
Во четврток (2.ноември) се игра дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Блокотехна.
Табела: Работнички 8 бодови, Гостивар 8, Карпош Соколи 7, Блокотехна 6, Охрид 6, Куманово 6, Фени Индустри 6, МЗТ Скопје А. 5, Пелистер 5, Шкупи 4, Кожув 4, Струмица 4.