Хитроу покрена интерна истрага откако на една улица во Лондон е пронајден УСБ со доверливи безбедносни податоци од аеродромот.
„Сандеј мирор“ објави дека еден граѓанин пронашол УСБ и го предал на британскиот весник.
На УСБ имало 76 фолдери, меѓу кои и мапи на движење, снимки и документи со детали од безбедносните мерки за заштита на кралицата и други официјални лица на аеродромот.
Весникот наведува дека податоците не биле шифрирани.
– Покренавме интерна истрага за да сфатиме што се случило и да преземе чекори, со цел да спречиме да не се повтори нешто слично, се наведува во соопштението од аеродромот Хитроу.