Митинг „Медиумски писмен студент“ – Децата уште од основно медиумски да се описменуваат

Од:

Учениците уште во основното образование во рамки на конвенционалниот образовен процес треба да учат за медиумите, не само како да ги користат, туку и како да се заштитат од реклама, политичка манипулација, како да препознаат лажна вест. Македонија во оваа насока може да ги земе искуствата од Холандија, Германија, Франција, Шведска, каде децата од мали во рамки на образовниот процес медиумски се описменуваат.

Ова го порача денеска Јасна Бачовска Недиќ, професор на Правниот факултет, Јустинијан Први и активист во Македонски институт за европски студии, кој е вклучен во проектот Медиумска писменост на Високата школа за новинарство, а чиј таргет во проектот се студентите.

Таа појасни дека цел на проектот меѓу другото е да се изврши притисок врз Министерството за образование подиманично и побрзо да одговори на ова прашање и медиумското описменување да го водеде во целокупниот образовен процес.

– Модалитетот може да биде некој посебен предмет или некоја дисперзирана алтернатива. Децата мора уште во училиште да учат и да програмираат, но и да распознаат лажна од вистинска вест, да знаат дека 24 часа не можат да бидат на видео игри. Не можеме целата едукација во однос на овој проблем да ја оставиме на семејството, додаде таа.

Бачевска Недиќ истакна дека целта е овој концепт да биде вклучен во националната стратегија за образование, која е во подготовка.

Смета дека проблеми ќе има како недостиг на кадар, но сепак додава оти е потребно да се покрене ова прашање.

Пред платото на Универзитетот Свети Кирил и Методиј денеска студентите вклучени во овој проект одржаа митинг под мотото „Медиумски писмен студент“.

Пораката на студентите беше дека медиумскиот сектор во земјава се карактеризира со зависност и пристраност, силна поларизираност, едностраност, креирана и тензична атмосфера, која не може да се издржи доколку не постои соодветен филтер, кој ќе помогне во раздвојување на лажните вести и пропагандата од вистината и фактите.

Тие во своите говори побараа создавање поголема медиумска култура и развој на свеста за еден поквалитетен живот во земјава.

– Ова е наш крик како генерација, повик за револуција, повикуваме на создавање поголема медиумска култура, развој на свеста и демократичноста за поквалитетен живот. Спречени сме да го оствариме нашиот потенцијал, бидејќи не учат како да размислуваме, а не како да формираме свое сопствено мислење, истакна во својот говор студентот од Правниот факултет, Христијан Зафировски.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on