Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев потпиша декрет со кој се наредува до 2025 година кирилицата да биде заменета со латиница, бидејќи тоа, според него, ќе помогне да се модернизира оваа централноазиска земја.
Согласно указот, Казахстан ќе користи латиница со 32 букви и по реформата, името на земјата официјално ќе се пишува „Qazaqstan“.
Казаханскиот јазик сега користи изменета верзија на кирилицата, со 42 букви. Казахстан ја користеше латиница на почетокот на советската ера, но во 1940 година премина кон азбуката на својот сосед и сојузник Русија.
„Латиница се користи во околу 70 проценти од земјите во светот и тоа ја прави основен инструмент за комуникација, особено во технологијата, бизнисот, науката и образованието”, се наведува во соопштението на казахстанското Министерство за надворешни работи.
Руската дијаспора во Казахстан е најбројната во петте земји од Централна Азија. Рускиот е еден од официјалните јазици, а Назарбаев редовно го користи во своите говори.