Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи смени уште двајца свои советници, откако по избивањето на скандалот околу биометриските пасоши веќе смени еден советник и суспендира двајца високи функционери од Министерството.
Реџепи, како што пишува весникот „Зери“, повикувајќи се на извори од косовското МВР, пред нова година го сменил првиот советник Енвер Оручи и советникор Рафет Раму. Ваквата одлука на Реџепи се уште не е официјално објавена.
Меѓутоа, смената на советниците Реџепи не ја поврзува со скандалот околу пасошите.
– Ова се случува поради реконструкција на кабинетот. Тоа се однесува на нивниот профил, бидејќи ми се потребни советници профилирани за процесот на визна либерализација и интеграции, истакна министерот.