Американскиот министер за одбрана Mатис во посета на Јужна Кореја

Од:

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пристигна во Јужна Кореја, каде ќе се сретне со неговиот јужнокорејски колега и со американски воени команданти со кои ќе разговара за чекори кои треба да се преземат против севернокорејската нуклеарна програма.

Матис ги истакна напорите на Владата на Доналд Трамп за решавање на проблемот по дипломатски пат, но предупреди дека САД се подготвени да преземат воени дејствија, ако Северна Кореја не го смени курсот.

Шефот на Пентагон утре ќе се сретне со јужнокорејски високи претставници на редовни годишни консултации за прашања поврзани со одбраната на Корејскиот полуостров.

На Матис во Сеул ќе му се приклучи претседателот на Советот на Gенералштабовите на вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд.

Планирано е Трамп во ноември да ја посети Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија