СДСМ: Економијата се раздвижува, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и потврдува дека 11 години работеа на свесно уништување на економијата. Економските штети што ги направи Никола Груевски сега ги санира Владата предводена од СДСМ, со одговорно работење.

Податоците за растот на БДП, со кои манипулира ВМРО-ДПМНЕ за наводна рецесија се од првите шест месеци од 2017, период кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата, ја држеше земјата во заточеништво и спречуваше мирен трансфер на власта.

Економијата се раздвижува, а најголема потврда за тоа се објавените податоци од Државниот завод за статистика. Заради успешно спроведување на економските мерки кои ја стабилизираа економијата имаме зголемување на бројот на работници во индустријата кој за август оваа година споредено со август 2016 година е зголемен за три отсто. И покрај целата блокада од почетокот на оваа година, со економските мерки што веднаш ги усвои новата влада, извозот е зголемен за 14 проценти во однос на првите осум месеци од 2016 година.

Ова потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не знае како е да се работи транспарентно и отчетно со јавните финансии и затоа продолжува да лаже и манипулира со бројки и тврдења што немаат никаква врска со реалноста“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје