Анѓушев: Каква било измена на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и стопанството

Од:

Каква била измена на даночната политика во Република Македонија ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството и нема да се случи без поширока расправа за што целата јавност ќе биде навремено информирана.

Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на новинарско прашање за најавите за нови даноци за локалната самоуправа, по отворањето на саемската манифестација Технома 2017.

Прецизира дека мерките за економски раст до крајот на годината ќе бидат преточени во владина програма што ќе почне да се спроведува од наредната година за што, како што рече, се предвидени средства.

– За мерките беа организирани две јавни расправина на кои учествуваа заинтересирани странски и домашни правни и физички лица, како и стопанските комори. Тие беа информирани за предлог-мерките, а потоа оставивме време да бидат разгледани и анализирани и да дадат конкретни предлози. Задоволни сме што предлози стигнаа од сите чинители кои ги поддржуваат мерките и во целост се согласни за потребата и начинот на кој се поставени. Имаат само одредени технички забелешки во делот на нивното прецизирање да бидат појасни и подецидни и полесно применливи, рече Анѓушев.

Сите забелешки, нагласи, ќе бидат прифатени и вградени во програмата што ќе биде преточена во владина програма до крајот на годинава и како таква ќе биде применета во текот на следната година.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Трамп се закани со нови царини за кинеските стоки – стапката може да достигне и до 104 отсто

Предраг Петровиќ

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски