Советот на јавни обвинители во законскиот рок ќе достави мислење до Владата за кандидатите за јавен обвинител

Од:

Советот на јавните обвинители на Република Македонија согласно своите надлежности во законски предвидениот рок ќе достави мислење до Владата за сите кандидати за државен јавен обвинител кои ги исполнуваат условите, соопштија денеска од Советот.

– Советот на јавните обвинители на Република Македонија во текот на денешниот ден го прими барањето за давање мислење од Владата на Република Македонија со комлетната документација и апликациите на кандидатите пријавени на Оглас за именување на јавен обвинител на Република Македонија, објавен на 14.09.2017 година во Службен весник на РМ, посочуваат од Советот на јавните обвинители.

Собранието на РМ го разреши државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на 17 август годинава. Предлогот за разрешување на Зврлевски до Парламентот го достави Владата на РМ со образолежние дека тој незаконито, ненавремено и недоволно стручно ја вршел функцијата.

Советот на јавните обвинители на Република Македонија на седницата одржана на 28 август годинава донесе одлука вршител на функцијата државен јавен обвинител да биде јавниот обвинител Лилјана Спасовска.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ