(ВИДЕО) Андонов: МВР призна дека го прислушкува врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека МВР признале дека го прислушкува целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека од МВР одговориле дека „тоа што го прави МВР е легално и со наредба од судот преку Јавното обвинителство, а токму обвинителството е тоа што ги води истрагите.” на прашањето дали се следени комуникациите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е скандал и атак врз демократијата, плурализмот и слободната мисла. Ова е огромен скандал. Нема друга опозиција во светот чие раководство се прислушкува, а МВР тоа јавно го признава. Во исто време МВР се самодемантира, бидејќи пред само еден месец директорот на УБК во интервју за ТВ Телма кажа дека МВР повеќе не врши прислушување на комуникациите. Очигледно е дека МВР под раководство на СДС манипулира и со законските процедури и со граѓаните покрај другото и во врска со следењето на комуникациите како дел од посебните истражни мерки, рече Андонов.

Тој додаде дека полицијата под контрола на СДСМ признала дека врши системско следење на комуникациите на политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и дека врши политички прогон на сите неистомисленици и политички противници.

– СДС ја претвори МВР во партиска полиција, која наместо да работи за интересите на граѓаните, работи во интерес на СДС. СДС целосно ги има окупирано истражните органи, како што се Јавното обвинителство, МВР и финансиски истражните служби, како и судството и секако СЈО и ги употребува како алатки за преку нив да поткренува нарачани истраги и обвиненија за пресметка со политичките неистомисленици. СДС ја врати Република Македонија во 1949-та година, кога граѓаните за различен став од тој на комунистичката партија на власт беа казнувани со затвор, беа малтретирани и врз нивните семејства беше вршен прогон, вели Андонов.

Според него, СДСМ владее со недемократски методи, со уцени и закани, со помош на полицијата која е ставена во исклучива корист на партискиот врв.

– Бараме веднаш да се направи стручна експертиза, во која ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти и кои ќе ја утврдат состојбата со следењето на комуникациите од страна на МВР. Кога СДС се дрзнува да го прислушкува раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сигурни сме дека секојдневно се прават злоупотреби од секаков вид. Помина времето кога граѓаните подлегнуваа на притисоци. Граѓаните се охрабрени и достоинствено ќе си го заштитат своето право на глас, мисла и ќе застанат на страната на демократијата. Очигледно е дека борбата за македонската државност продолжува во континуитет и во современи услови, рече Андонов.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА

Средба за соработка помеѓу Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со пораз од 1:3, СДС го има најслабиот резултат во историјата

Мицкоски: Добрососедските односи се двонасочна улица, ќе водиме принципиелна политика со аргументи и факти

Орце Костов

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов