Кина, Турција и Бугарија се дестсинациите од каде најчесто доаѓаат фалсификатите

Од:

Спортската опрема од „најк“, „адидас„ и „пума“ се меѓу најфалсификуваните марки производи кои стигнуваат во Македонија. Фалсификуваната стока најчесто е со потекло од Кина, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Бугарија.

Правото на интелектуална сопственост е регулирално со закон. Во Царинската управа заштитени се 386 трговски марки. Меѓу нив се најчесто фалсификуваните, како и Долче Габана, Томи Хилфигер…

Податоците на Царинската управа на Република Македонија за минатата година покажуваат дека се откриени 92 случаи на сомневање за повреда на правото на интелектуална сопственост при што привремено се задржани 390.565 парчиња разновидна стока. Меѓу нив се козметички, текстилни производи, енергетски пијалоци, техничка стока, обувки и слично. За годинава заклучно со 30 ноември, Царината има откриено 119 случаи на сомнeвање за повреда на правото од интелекутална сопственост при што привремено се задржани вкупно 286.412 парчиња разна стока, како боја за чевли, освежувачи за автомобили, текстилни производи, обувки и друго.

Најголемиот дел од стоката е со потекло од Кина, а другиот дел е од Турција, Обединетите Арапски Емирати и Бугарија. Стоките со потекло од Кина доаѓаат во Македонија транспортирани во контејнери најчесто преку пристаништето во Солун, Грција, додека стоките со потекло од Обединетите Арапски Емирати доаѓаат преку Турција и Бугарија со товарни возила, најчесто со турски регистарски таблички.

Заштитата на правата од интелектуална сопственост во царинската постапка е регулирана со Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост и Правилникот за примена на Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост.

Царинската управа, согласно Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, може да дејствува по барање на носителот на право, во случај кога трговската марка е заштитена во Царинската управа и по службена должност, кога трговската марка не е заштитена во Царината.

Кога Царинската управа дејствува по барање на носителот на правото, известувањето за привремено задржана стока се испраќа од страна на царинските испостави и одделението за оперативни работи. Царинската управа испраќа известување до носителот на правото на трговската марка преку неговиот застапник кој има обврска во рок од три дена да одговори дали привремено задржаната стока е оригинал или фаслификат. Во случај зстапникот да потврди дека стоката е фалсификат, Царинската управа носи одобрение за уништување и стоката се уништува, доколку застапникот потврди дека привремено задржаната стока е оригинал, тогаш Царинската управа носи одобрение за ослободување, стоката му се враќа на увозникот, но се врши приспособување на пријавената вредност на стоката, која обично е значително пониска и стоката се царини по соодветна вредност.

Кога се постапува по службена должност, односно кога трговската марка не е заштитена во Царинската управа, а постои сомнение дека таа повредува право од интелектуална сопственост, Царинската управа ги известува регистрираните застапници на трговски марки во Царината и носителот на право на трговската марка, со цел да се поднесе барање за преземање царински дејства. Доколку се поднесе барање Царинската управа дејствува идентично како да станува збор за случај по барање на носителот на правото. Во случај да не биде поднесено барање, Царинската управа, со одобрение за ослободување, стоката му ја враќа на увозникот.

Доколку се потврди дека привремено задржаната стока по основ на сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост е фалсификат, таа крајно се одзема и се уништува под царински надзор.

Во текот на минатата година во соработка со носителите на право на Царинската управа во неколку наврати организира и спроведе уништување на вкупно 304.331 парчиња текстилни, козметички производи, обувки, етикети, очила за сонце, техничка стока, како и 18.000 килограми прашок за перење.

Минатата година заклучно со 30 ноември уништени се вкупно 63.408 парчиња фалсификувана стока и тоа текстилни, козметички производи, модни додатоци, освежувачи за кола, обувки.

Во последниот месец од минатата година се извршени неколку уништувања на фалсификувана стока. Во организација на Координативното тело за индустриска сопственост уништени се 8.200 парчиња, а во Фени се уништени 36 илјади парчиња стока – текстил, обувки, автоделови и додатоци за мобилни телефони.

Барања за заштита на правата на интелектуална сопственост во Царинската управа доставуваат 10 застапници на брендови во земјава. Од вкупниот број најчесто заштитени трговски марки се текстилот, обувките, модните додатоци.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ