Тилерсон: Ријад се уште не е подготвен за преговори со Доха

Од:

Саудиска Арабија не е подготвена за директни преговори со Катар по речиси петмесечниот прекин на меѓусебните дипломатски и трговски односи, изјави вечерва во Доха американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Тилерсон во Доха допатува од Ријад, каде претходно денеска со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман разговараше за надминување на кризата во односите меѓу Саудиска Арабија и Катар.

– Се уште нема индикации дека двете земји се подготвени за разговори, нагласи Тилерсон.

Американскиот државен секретар упати апел и до сите страни во Ирак да покажат воздржаност во врска со референдумот за независност на Ирачки Курдистан.

– Ние не го охрабруваме референдумот во Ирачки Курдистан, бидејќи тој не е најдобро решение во ова време, имајќи ја предвид борбата против Исламската држава. Ние охрабруваме воздржаност во врска со она што се случува во северен Ирак, изјави Тилерсон.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија