Шестгодишно девојче повредено во сообраќајка во Штип

Од:

Шестгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило „Рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Т. (32) од Штип.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 8.45 часот на крстосницата од улицата „Черења“ и улицата „Косовска“ во Штип.

Девојчето било пренесено во Медицинскиот центар Штип. По укажаната лекарска помош била пренесена и задржана во Клиничкиот центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски