Јапонскиот премиер Абе очекува победа на предвремените парламентарни избори

Од:

Околу 100 милиони Јапонци денеска имаат право на глас на предвремените парламентарни избори на кои либерално-демократската партија ЛДП на премиерот Шинзо Абе очекува убедлива победа. Абе го распушти Парламентот по повеќе политички скандали, но и поради безбедносната состојба, со зачестените ракетни проби на Северна Кореја кои се насочени кон Јапонија.

Според анкетите, коалицијата предводена од ЛДП на Абе ќе освои околу 300 од 465 места во Националниот Диет (парламентот). Конзервативната партија на градоначалничката на Токио Јурика Коике и левичарската Уставна демократска партија се очекува да освојат по 50-ина места.

Силен тајфун се приближува кон Јапонија токму на денот на изборите, но засега не е јасно дали тоа ќе влијае на одзивот и текот на гласањето. Тајфунот предизвика силни ветрови и бранови, а метеролозите предупредуваат на опасноста од поплави и лизгање на земјиштето.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови